Јанакиески останува во домашен притвор и за новогодишните празници

Од:

Апелацискиот суд ја одби жалбата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со која бараше да биде ослободен од домашен притвор.

Од судот за „А1он“ велат дека притворот е продолжен поради опасноста од бегство. Апелација прифатила само на Јанакиески да му биде овозможена комуникација, за другите 11 лица опфатени во постапката обвинението е поднесено.

Еленко Миланов, кој е бранител на Јанакиески, вели дека досега нема добиено никаква одлука, а за одбиената жалба дознал од медиумите.

„Немам добиено никаква одлука. Предмалку прашував за ова, за кое разбрав од медиумите. Во секој случај, мислам дека во предметот е апсурдно да се одреди мерка притвор. Јанакиески веќе три години е опфатен во постапки и е тука“, рече Миланов за „А1он“.

Јанакиески беше приведен на 29 јуни по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради сомнение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на СЈО, како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Николоски договара сообраќајка со Јанакиески: Има два авиони Шиптари, трактор да се испреврти нешто

Ландов

И натаму се објавуваат „бомби“, Јанушев и Јанакиески договарале исклучување на лифтови и струја: Нека ги е*ат брат

А1он

Јанушев и Јанакиески договараат летови од Италија и Швајцарија „за нашите“: На „Бетон“ пушти му го тоа да плати

Кристијан Ландов

Партиски списоци во Телеком и закани од Јанушев: Tаа Даниела и тој Ратко, жими се, утре ќе ги убијам

Кристијан Ландов

Скопска Апелација продолжи со одржување на јавните седници и расправи

Ана Ололовска

Судско рочиште за „Шпански скали“

Ана Ололовска