Јанакиески до Латас: Направивме многу голем притисок во Центар

Од:

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во разговор со Драган Павловиќ Латас на 24 март 2013, на денот на локалните избори, кој денеска беше пуштен во судницата на судењето за изборни нерегуларности познат како „Титаник“ вели дека во општина Центар направиле многу голем притисок и очекува победа со оглед на излезноста.

– Направивме многу голем притисок, има одлична излезеност до 2 саат. Е сега ако од 5 почне да паѓа излезеноста победуваме, му вели Јанакиески на Драган Павловиќ Латас.

На ова уредникот му одговара дека не е баш сигурен за крајниот резултат со оглед на излезноста. По што ја споредува излезеноста во Центар со останатите избори каде констатира дека никогаш во оваа општина нема голема излезност кога ВМРО-ДПМНЕ победувала.

Во случајот „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески