ВИДЕО: Јанакиески побарал увид во доказите за „крвавиот“ четврток

Од:

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде беше повикан да даде исказ за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието на РСМ.

Јанакиески на распитот, побарал увид во доказите кои ги поседува Обвинителството за „крвавиот“ четврток.

Покрај ексминистерот за транспорт и врски, неделава на распит беа повикани и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК кој е во бегство.

Во претходната постапка за крвавиот четврток, Јанакиески, Вељаноски и Ристовски, од страна на сега осудениот Александар Василевски Нинџа беа посочени како организатори на упадот во Собранието. Според сведочењето на Василевски, ексминистрите на 27 април се наоѓале на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ од каде го координирале упадот.

Во февруари на Јанкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски