• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Јанакиески e спроведен во затворот „Идризово“

by А1он06/07/2023 - 17:191028
Share0

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески попладнево е спроведен во затворот „Идризово“ каде треба да издржува три и пол години затвор за случајот „Титаник“.

Добивај вести на вибер

Со оглед дека Јанакиески се наоѓаше во куќен притвор за случајот, од Кривичен појаснуваат дека не бил потребен упатен акт, туку само наредба за спроведување.

-Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој Апелација веќе донесе правосилна пресуда, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во однос на најавите од адвокатите на Јанакиески дека ќе бараат мерките притвор што ги издржувал во сите предмети досега да се пресметаат за казната во „Титаник“, од Кривичен велат дека дополнително ќе одлучат.

– Во однос на сите дополнителни барања и други предлози на одбраната одлучува судијата за извршување санкции, доколку се бара прекин одлучува Управата на затворот, а доколку е барање за вонредно преиспитување одлучува Врховниот суд, соопштуваат од Кривичен.

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. Судењето во февруари 2022 година почна од почеток поради промена на поротник, кога дел од обвинетите, меѓу кои и Миле Јанакиески признаа вина.

Јанакиески е единствениот кој доби затворска казна за случајот „Титаник“, откако во понеделникот Апелација делумно ја уважи неговата жалба и му ја намали казната од четири и пол на три и пол години затвор.

Во одлуката од Апелација, се вели века обвинетиот се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци, во која му се засметува и времето поминато во притвор сметано од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година, како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор.

Одбраната на Јанакиески, најави дека ќе бара спојување на сите притвори и тие да бидат засметани во затворската казна случајот. Јанакиески во притвор е повеќе од четири години.

mile janaieski

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Катерина Ѓуровски12/03/2024 - 15:03

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов20/05/2022 - 14:0620/05/2022 - 14:11

(ВИДЕО) Јанакиески на штаки со повредена нога и легнат во полициско возило однесен на судење

Кристијан Ландов24/01/2022 - 10:0224/01/2022 - 11:29

Јанакиески бара супервештачење, распит на Срцев и Пешевски, за да докаже невиност за „Топлик“

Кристијан Ландов09/12/2021 - 13:0309/12/2021 - 14:04

Одреден притвор за Јанакиески и Ристовски

Сандра Бошковска20/02/2019 - 22:4120/02/2019 - 22:57

За 21 јануари одложено судењето за „Топлик“

Наум Локоски14/12/2018 - 10:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен