Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес брат

Од:

Од СМС и Вибер пораките за 27 април кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за „крвавиот четврток“ во комуникацијата помеѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и пратеникот Крсто Мукоски, во 18:19 часот екс министерот му вели на пратеникот „Алал вера за денес брат“, на што Мукоски одговара „Фала ти, мора малку да е тензично надвор, за да се префрли фокусот таму, оти тука се сите камери, тензично е. Цело време го прашуваат Заев, неговите што да прават“.

Во 18 и 38 часот Мукоски му пишува на Јанакиески „Ќе направиме проблем, нека почнат тие први“.

Во 19 и 10 Јанакиески му вели на Мукоски „Качете се дел во прес салата, каде е Заев“.

Претходно на 27 април на почетокот на седницата, Крсто Мукоски го информира Миле Јанакиески дека Заев се јавил за процедурално, на што екс-министерот му одговара „Одете по нив, кај и да се движат“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април