Денеска продолжува политичката хајка врз ВМРО-ДПМНЕ. Повикан бев во СЈО заради тоа што сум ставил параф на некој договор, изјави поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тој рече дека СЈО треба да почне да докажува дека не работи за СДСМ, бидејќи секоја постапка се однесува на членови на ВМРО-ДПМНЕ.
-Нивниот рок е при крај и одлучија да се занимаваат само со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Јанакиески.
Екс министерот за транспорт и врски покрај изјавата, не сакаше да одговори на новинарските прашања.
Виктор Јованов