Јанакиески бара да не се одвојува постапката: Ако Обвинителството сака да ми ја скине главата, повелете

Од:

Обвинетиот Миле Јанакиески побара да не се раздвојува постапката и да продолжи судењето за него, Никола Груевски и Елизабета Најдовска. Според енго, доколку на Трајковски му се суди посебно, нема да се дознае вистината за рушењето на Космос. На обвинителот Рустеми му порача дека ако Обвинителството сака да му ја скине главата, односно само тој да одговара, тогаш да го направи тоа.

„Целта на едно судење е да се дознае вистината. Јас немам отсуствувано на ниту едно рочиште. Ако Обвинителството смета дека треба само јас да одговорам за овој предмет, тогаш нека се одвои постапката. Дајте му простор на адвокатот на Тони Трајковски да му се јави и да збори дали тој ќе може да дојде и да вети дека ќе дојде на утрешното рочиште. Јас не знам дали поротникот има мандат или не. Ако Тони се издвои од овој настан нема да се дознае вистината. Јас имам многу прашања за Тони. Ако Обвинителството има цел да му ја скине главата на Миле Јанакиески, повелете”, рече Јанакиески.

Адвокатите го спореа предлогот на обвинителот Бурим Рустеми кој го побара раздвојувањето, а истовремено, пречка да продолжи судењето, според нив е и возраста на судијката поротничка која треба да биде пензионирана.

„Од утре ќе поднесувам поднесоци за сите прекршувања, па да видиме кој го знае законот, а кој не. Кој опструира и зошто се одложува“, рече адвокатот Дончо Наков, по што Рустеми праша „Ова како закана да го сфатиме или?“, а Наков повторно одговори „Не, како ветување“.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов