Јакупи: Вие не сте патриоти!

Од:

Четири од 17-те приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Струга се прифатени од членовите на Државната изборна комисија.

Ова ноќеска ја вжешти атмосферата во ДИК.

Бедредин Ибраими се закани дека ќе ја напушти седницата, а Субхи Јакупи обвини за етничко чистење.

„Јас ќе излезам, а вие продолжете да си гласате сами. Вие мислите дека сте патриоти. Не сте патриоти.. Не е добро што гласате вака ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Патриот е тој што работи за својата земја, за својот народ, за своите сограѓани, за своите деца“, рече револтирано, Јакупи.

Денеска продолжува расправата по преостанатите приговори.

Во вториот круг Зијадин Села од ДПА, кој доби поддршка и од ДУИ, одвои 20.770 гласа, а Владимир Кочовски, заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, 15.276 гласа.

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски