Јакимовски: СДСМ шири дефетизам во Карпош

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање за последната серија напади и обвинувања од страна на советниците на СДСМ од Карпош, Градоначалникот Стевчо Јакимовски на денешната конференција за печат ја даде следната изјава:

-Ако не сум јас во Скопје не знам што би работела опозицијата. Да им дадам совет, да прошетаат до нивните општини во Струмица и Куманово и да направат 200-300 чекора лево и десно од централните градски подрачја и да видат на што им личат  улиците и како луѓето таму газат кал. Нека прошетаат по нивните училишта и нека направат споредба со училиштата во општина Карпош, после што, јас сум длабоко уверен дека кога ќе се вратат ќе им се намалат фрустрациите.

Нивниот концепт е ширење на дефетизам и капитулански пристап. Да потсетам: тие ја подготвуваа Општината да ја предадат на Јагнула Куновска додека мојот концепт и мотив е да се борам и да се справувам со проблемите. Ова е е време на кризи со која е зафатена цела Европа и целиот регион, вклучувајќи ја и нашата држава.  Затоа сум избран од граѓаните, да не се провлекувам пред проблемите туку да ги решавам. Инаку моите ветувања се мојата визија за развојот на општина Карпош, а како Општината ќе се развива, зависи и од тоа колку средства ќе имаме. Сепак, ние сме длабоко уверени дека оние ветувања што ги имаме дадено пред граѓаните и ќе ги оствариме за што имаме уште две и пол години работа .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски