Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“, и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

-Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи. Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење. Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска бара неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“

Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши

Јаневска: Комитите се дел од историјата, УЧК и нејзините симболи „за оваа држава не значат ништо“

Ќе се испитува дали има одговорност кај организаторите на приредбата во Челопек каде децата имаа амблеми на УЧК

А1он

Јаневска најавува постапка за училиште во Челопек за облекување на ученици во униформи на неформални воени групи

Јаневска: Во ученичките и студентските домови има сериозни индиции за криминал

А1он