Јакимовски: ГРОМ е третата најголема опција во македонскиот политички блок

Од:

Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во централниот изборен штаб на партијата одржа конференција за печат по повод првичните резултати од предвремените парламентарни избори.

– Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска го дадоа гласот за Граѓанската опција за Македонија. Дефинитивно, таа е третата најголема опција во македонскиот политички блок во земјава. Сакам, исто така, да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес.

– Сакам, покрај тоа, да им го честитам водството на ВМРО-ДПМНЕ. Според досега обработените податоци, односно нешто помалку од 30 проценти, Граѓанската опција за Македонија се бори за пратеник во изборните единици 1, 2 и 4. Во овие изборни единици, не само што е задржан бројот на гласови од првиот круг на претседателските избори, туку некаде е и драстично зголемен. Според тоа, за околу два часа ќе знаеме дали по овие избори ГРОМ ќе има три пратеника во новиот парламентарен состав на Република Македонија – изјави Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанска опција за Македонија на конференцијата за печат.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски