Јакимовски: Да се градат геријатриски центри во склоп на болниците

Од:

Ние имаме во Македонија 330.00 пензионери. Факт е дека децата ни се иселуваат, младите ни се иселуваат. Тоа значи дека државата мора да се пресвичува и треба да гради институции што ќе се грижат за овие пензионери вели претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ГРОМ Стевчо Јакимовкси на средбата со пенизионери во Карпош.

– Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители? Тоа значи дека треба да се отвораат пензионерски домови, односно најмалку 15-тина пензионерски домови низ градовите во Република Македонија. Значи мора за пензионерите да имаме институционална грижа, кога таа грижа ја нема од децата, а од друга страна, јасно е дека има повеќе од 750.000 граѓани во моментот кои се врзани за постела, било да се работи за парализа, мозочни удари, тешки сообраќајки или луѓе кои се во тешка терминална фаза. Тоа значи дека треба да градиме геријатриски центри. Мојот предлог е да градиме геријатриски центри во склопот на општите болници, да има од 20 до 50 легла и практично сите наши граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени во тие геријатриски центри затоа што луѓето не можат да најдат лице кое ќе се грижи за нив, затоа што нивните деца треба да работат или не се во државата но државата мора да биде та која ќе направи институционална форма и ќе води грижа за луѓето кои се во тешка здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“