Ја замајувате јавноста, му рече обвинителката на адвокатот на Љубен Арнаудов и Богдан Илиевски

Од:

Обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за организиран криминал и корупција, рече дека приговорите на адвокатот Донче Наков, кој брани четворица обвинети, се замајување на јавноста, бидејќи, како што рече, во законскиот рок е дадена можноста за увид во сите предложени докази на обвинителството.

Русковска рече дека адвокатите имале законска можност од 15 дена по добивање на известувањето за завршената истрага, да направат увид во доказите.

„При увидот колегата воопшто не спомна ниеден од приговорите на кои сега се жали”, рече Русковска.

Судијката Кацарска рече дека адвокатите имале можност цело време, но никој од адвокатите не побарал увид пред таа да замине на годишен одмор.

„Првиот ден кога тргнав на одмор, побаравте увид и ви беше овозможен”, рече судијката.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април