А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Извршени контроли во 29 угостителски објекти, осум казнети

by А1он17/01/2015 - 16:5417/01/2015 - 22:38138
Share0

Припадници на полицијата во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера и завчера извршија акциска контрола во 29 угостителски објекти на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што кај осум од нив се констатирани неправилности за што се изречени соодветни казни.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, во контролата извршена во Ланч бар “Кадмо“ на ул. “Коста Абраш“ од страна на УЈП поради неиздавање фискални сметки објектот ке биде времено затворен 15 дена, а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и 750 евра за одговорно лице во правното лице.

На подрачјето на полициската станица Струга контрола е извршена во угостителските објекти кафе бар “Миа“, “Тренди“, “Стрит“, ресторан “Босфор“, “Ванила вип“ и, “Перла“ при што не беа констатирани неправилности по кој било основ.

На подрачјето, пак, на полициската станица Дебар контрола беше изврешена во шест угпостителски објекти и тоа: кафе бар “Либурн„ “ББС“ слаткарница “Беса“ и рестораните “Колонија“, “Фусион“ и “Јон“. Од извршената контрола беа констатирани прекршоци од Законот за заштита од пушење и тоа во кафе бар “Либурн“ каде што е изречена глоба од 500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и две глоби од по 150 евра за две физички лица затекнати со цигари во објекто, а идентично и во слаткарницата “Беса“, исто така согласно Законот за пушење е изречена глоба од 500 евра за правното лице, како и две покани за наплата на глоба од по 150 евра во денарска противвредност за две физичко лице затекнати со цигари во објектот. Во другите четири локали не се евидентирани неправилности

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, завчера на подрачјето на СВР Охрид (ПС од ОН Охрид и ПС од ОН Кичево) беа извршени контроли во 16 објекти од кои во пет (два локали во Охрид и три во Кичево) беа евидентирани неправилности. Притоа беа изречени глоби во висина над 19.000 евра, а изречени беа и четири времени забрани за вршење дејност – две во траење од по 15 дена и две во траење од по 30 дена, се наведува во соопштението.

ujp

Би можело да ве интересира

УЈП испрати над 860 илјади граѓани добија пополнети годишни даночни пријави, рокот за проверка е до 31 мај

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 10:35

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 14:2115/04/2026 - 14:23

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:36

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он10/03/2026 - 15:27

УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок

Горан Наумовски24/02/2026 - 10:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто