Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено

Од:

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено. За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.

Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.

Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.

-Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето