Извршен увид од јавен обвинител за пронајденото безживотно тело во Осој

Од:

Ќе се прават проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација, соопшти Јавното обвинителство, а во врска со пронајдениот човечки леш во распаѓање кај Горна Матка.
.​​
„Вчера попладне, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, полициски службеници пронашле безживотно човечко тело во распаѓање. Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот беше присутна и екипа на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Во текот на увидот, по наредба на јавен обвинител, телото е откопано и веднаш е предадено за обдукција. Обезбедени се траги од лице место и по наредба на јавниот обвинител тие ќе бидат извештачени“, велат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Безживотно тело на жена извадено од водите на Вардар

А1он

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби