Денеска во раните утрински часови тим од тројца пожарникари од ТППЕ Струмица го извлече телото на Д.М. (43) , кој вчера се
удави во водите на Дојранското Езеро.
И од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.
Инаку, МВР соопшти дека вчера во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што
се удавило.