Пронајдено телото на удавениот во Дојранско Езеро

Од:

Нуркачите од полициската единица „Тигар“ го пронајдоа телото на давеникот, 42-годишен штипјанец кој живеел во Германија.

Човекот паднал од педалинка, а не знаел да плива. Тој брзо потонал во езерото.

– Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Извлечено телото на давеникот од Дојранско Езеро

Маж се удави во Дојранското Езеро

Спасени три лица на Дојранско езеро: Бурата ги повлекла во чамецот далеку од брегот

Орце Костов

42-годишен штипјанец е давеникот во Дојранското езеро

Се трага по давеник во Дојранското Езеро

Зголемени водостоите на Охридското и на Дојранското Езеро