Известувачите на ПССЕ ја поздравија одлуката на Советот на ЕУ да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија

Од:

Известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за мониторингот со Албанија, Џо О’Рајли и Петер Аиде и известувачот за пост- мониторинг дијалогот со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен, денеска ја поздравија одлуката на Советот на Европската унија за отворање преговори за членство со Албанија и Северна Македонија.

-Во контекст на трагичните случувања предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, ова е многу  добра вест и признание за заложбите на овие две земји за спроведување на реформите и политиките потребни за нивното европско интегрирање. Како известувачи за овие земји, ние сме подготвени да им помогнеме да продолжат на патот на евроинтеграциите, на кој било можен начин, рекоа известувачите.

Известувачот Кристоферсен, потсети дека интеграцијата во ЕУ е долготрајна консензуална и стратешка цел за Северна Македонија, која ги надминува политичките и етничките разлики.

-Ова многу очекувано зелено светло доаѓа откако земјата презеде, во последните години, одлучувачки – иако тешки – чекори за решавање на „проблемот со името“ и започнување големи реформи. Денешното достигнување на процесот на интеграција во ЕУ е исто така резултат на можноста на сите најголеми политички партии да ги постигнат потребните политички договори за земјата да оди напред, во што се подразбира и неодамнешното усвојување на изменитиот закон за Јавното обвинителство, рече Кристоферсен .

Таа додаде дека се надева оти оваа одлука ќе ги засили тековните реформи, вклучително и оние што се очекуваат во рамките на пост-мониторинг дијалогот на ПССЕ со Северна Македонија, имено одржливоста и функционирањето на демократските институции, независноста на судството, борбата против корупцијата и консолидација на изборната рамка и спроведување на инклузивни политики со цел обезбедување на правата на малцинствата, како што е истакнато во Резолуцијата на Собранието од октомври 2019 година..

Покрај тоа, известувачите за Албанија ги повикаа сите политички фракции во Албанија да ја искористат оваа одлука за надминување на нивните политички разлики и решавање на системската политичка криза во земјата, да продолжат со реформите насочени кон создавање на навистина независно судство и да ја засилат борбата против организираниот криминал и широко распространетата корупција во земјата.

-Политичката криза е „Ахиловата пета“ на реформскиот процес и демократската консолидација на Албанија. Сите политички фракции му должат на албанскиот народ да ја решат кризата и да ја надминат ендемичната политичка поларизација во земјата “, истакнаа О’Рајли и  Еиде.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа