Извесно прегласување во Струмица на три избирачки места

Од:

Гласањето на уште две гласачки место во Струмица денеска е поништено откако ДИК со четири гласа „за“ и три „против“ прифати приговори поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Со поништувањето на гласањето на избирачките места 1730 и 1734, на кои се регистрирани 1298 и 875 избирачи, и претходно поништеното гласање исто така по приговор на СДСМ за избирачкото место 1727, на кое се регистрирани 1.082 избирачи, се доведува во прашање вкупниот изборен резултат и процентот во првиот круг од гласањето во Струмица.

3255ДИК водеше жестоки дебати за приговорите поднесеи од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупниот број гласачи на овие три избирачки места изнесува 3.255 и со тоа процентот од излезени гласачи на кандидатот на „Сојузот за иднината“ Зоран Заев, според службите на ДИК, би паднал на 42,66 отсто. Ова значи дека во Струмица би можело да има прегласување на овие избирачки места од првиот круг на гласањето. Дали ќе има прегласување во Струмица официјално ќе се знае во понеделник кога ќе поминат сите рокови за жалби и одлучување од страна на Управниот суд доколку до него жалба поднесат коалицијата „Сојуз за иднината“ за одлуките на ДИК.

ДИК на денешното продолжение на седницата треба да одлучува и по приговорите на НДП за Гостивар, на ДУИ за Шуто Оризари и на ДПА за Чаир.

Највисокото изборно тело го проби законскиот рок од 48 часа за одлучување по над 400-те приговори поднесени од страна на партиите за изборниот процес во првиот круг од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ