Извештајот на ЕУ за Македонија ќе биде позитивен?

Од:

Извештајот на Европската комисија за Македонија кој ќе биде објавен на 16 април а Комисијата овојпат не објавува никаков детал од содржината, пренесе МИА.

Извештајот ќе биде презентиран од страна на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Не сакам да навлегувам во детали кога станува збор за извештајот. Сега сме во т.н. работен процес и само ќе кажам дека Европската комисија ќе го усвои и објави извештајот на 16 април и тогаш ќе се знае што тој ќе содржи. Претходно не би сакал да кажам ништо повеќе, гласи одговорот на Петер Стано, портпаролот на Филе.

МИА повикувајќи се на извори од Унијата, пишува дека претстојниот извештај ќе содржи нова препорака за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, со тоа што во него ќе бидат нотирани политичките проблеми што претходните месеци ги креираше опозициската СДСМ во државата, како и етничките судири.

Можам да потврдам дека комесарот Филе ќе допатува во вторник во Скопје, а причината е што тој ќе учествува на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво, додава Стано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски