Извештај на Стејт департментот: Корупцијата, попречувањето на СЈО и медиумските слободи како најважни проблеми

Од:

Стејт департментот денеска го објави годишниот извештај за состојбата и почитувањето на човековите права во Македонија за изминатата 2016. година.

Во краткото сиже од извештајот се нагласува дека во Македонија се уште трае политичката криза започната со објавувањето на прислушкуваните разговори. Се споменува и аболицијата на претседателот Иванов и организирањето на „Шарената револуција“ како одоговор на тие помилувања.

Како најзначајни проблеми со човековите права во Македонија ги нагласуваат корупцијата и непочитувањето на владеењето на правото. Рестрикциите на медиумските слободи, мешањето во судството и попречувањето на раотата на СЈО се едни од главните проблеми.

Судскиот систем според Стејт департментот бил карактеризиран со политичко влијание, неефикасност, наклонетост кон функционери, селективната правда, како и прекршувања на правото на јавно судење и корупција.

Забелешки има и за почитувањето на другите човекови права вклучувајќи и малтретирање на затвореници и лоши услови во затворите, семејно насилство, дискриминација кон лицата со попреченост, институционална и општествена дискриминација кон Ромите и останатите етнички малцинства како и кон ЛГБТИ лицата.

Владата не преземала доволно чекори за да ги истражи, процесира или казни службениците кои ги прекршиле правилата и процедурите, а вкучително и полициските службеници за прекумерна употреба на сила. Неказнивоста и понатаму е значаен и широко распространет проблем.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски