Извештаите за напредокот на Македонија, Србија и Косово на дневен ред на седницата на ЕП

Од:

Европскиот парламент утре ќе ги разгледа извештаите за напредокот на Македонија, Србија и Косово на патот кон Европската унија.

Европратениците в среда ќе гласаат за одделни резолуции за напредокот на Србија и Косово, како и за ситуацијата во Македонија.

Во нацрт-резолуцијата за Македонија се посочува дека Скопје треба да го продолжи патот кон ЕУ и да преземе решителни реформи во сферите на владеењето на правото, правосудството, корупцијата, човековите права, внатрешните работи и добрососедските односи.

Се очекува европратениците да го поздрават подобрувањето на односите меѓу Белград и Приштина. Тие ќе повикаат за вложување дополнитлени напори за да ги имплементирани спогодбите, целосно и навремено, како услов за влез на земјите во Унијата.

ЕП ќе ја разгледа на пленарната седница оваа недела и намерата на САД да се повлечат од Париската спогодба за климата.

Дебата е закажана за в среда, покажува програмата на седницата. ЕП ќе гласа за законски измени за имплементирање на целите за намалување на емисјата на штетни гасови до 2030 година. Законските измени се очекува да помогнат за постигнување до 2030 година на заедничката цел на ЕУ за ограничување за 30 отсто на емисијата на штетни гасови во споредба со нивото од 2005 година.

Предвидено е заедничката цел на ЕУ да биде задолжителна на национално ниво за областите, кои не се опфатени од пазарот на емисија на јаглероден диоксид во ЕУ, земјоделството, транспортот, градежништвото и комуналните услуги, кои претставуват околу 60 отсто од емисиите на штетни гасови во Унијата.

Европратениците в среда ќе дискутираат и за прашањето за миграцијата, безбедноста и одбраната, во пресрет на Европскиот совет на 22 и 23 јуни. Истиот ден со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер тие ќе го разгледаат и прашањето за повлекување на Велика Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта