Изречени 25 казни за неносење маска во Тетовско

Од:

Тетовската полиција бележи изречени 25 казни за неносење заштитни маски, согласно владината уредба за спречување на ширењето на коронавирусот.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице.

– Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со целосно спроведување на оваа уредба и ефикасно ќе го санкционира нејзиното непочитување, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат нови решенија за изолација изготвени им се на вкупно 64 лицa, додека биле контролирани 352 лица со такви решенија. Изјави за самоизолација потпишале 24 лица, додека контролирани биле 70 луѓе со потпишани изјави за самоизолација.

Во содејство со Државниот пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 49 угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Плажите се полнат, протоколи за заштита од вирусот сè уште се чекаат

Маја Илиевска-Пачемска

Во Скопје 71 новозаразен со коронавирус, најмногу активни случаи во Чаир – 424

А1он

165 новозаразени од Ковид-19, починаа седум лица

А1он

Штипското инфективно одделение се шири за да ги прими сите пациенти со Ковид-19

А1он

Филипче: Простото споредување бројки за Ковид-19 не ја дава вистинската слика за состојбата

Ана Ололовска

Се намалува бројот на заболени од коронавирус во МВР

Кристијан Ландов