Изминатото деноноќие 12 сообраќајки во Скопје, пет лица лесно повредени

Од:

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни несреќи од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според податоците на МВР санкционирани се и 12 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.

Од сообраќај биле исклучени и три технички неисправни возила, како и пет нерегистрирани возила.

Полицијата санкцинирала и 24 возачи за непрописно паркирани моторни возила, 104 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подиганти се 74 возила.

Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири за неправилно престројување, седум возачи кои не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, седум за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и 21 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени