Измамничка од Бугарија се обидела да земе пари од две жени од Куманово и Свети Николе

Од:

Полицијата расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата.

„Осомничената ги сторила делата на тој начин што се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требале да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции. На 3.1.2024 во 18.45 часот на граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ја уапсиле В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра