Изложба за Ченто во Прилепскиот музеј

Од:

По повод 115 години од раѓањето и 60 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, Прилепскиот музеј на 24 јули во 20 часот ќе отвори изложба на фотографии и документи за Ченто.

Изложбата е насловена „Ченто – биографија низ фотографија“, а автор е историчарот Рубин Белчески. Тој денеска на прес-конференција рече дека изложбата е вистински начин да се потсетиме на делото на овој голем македонски деец во годината кога се навршуваат два големи јубилеја за Ченто.

– На 24 јули, кога ќе биде отворена изложбата во ликовната галерија на Домот на културата „Марко Цепенков“, се навршуваат 60 години од смртта на Ченто, а на 17 август 115 години од неговото раѓање. На изложбата на банери ќе бидат прикажани околу 250 фотографии и документи врзани за животот и делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, рече Белчески.

Соопшти дека пет години собирал фотографии и документи за што многу му помогнало семејството на Методија Андонов Ченто, ќерката Марија и синот Илија. Истражувал и во неколку музеи низ Македонија.

– Требаше да биде објавена и публикација, фотомонографија, но средствата не беа доволни што ги определи во почетокот на годинава Министерството за култура. Се надевам дека публикацијата ќе излезе наредната година, додаде Белчески.

Целта на изложбата е на поинаков начин да се доловат животот и делото на Ченто. На изложбата, појсни авторот, ќе биде објавена и најрана фотографија на Ченто, на 17-годишна возраст.

– Опфатени се и споменици и спомен-обележја со овој македонски деец. Изложбата ќе биде популарна и да се презентира во училиштата, меѓу младите, да научат повеќе за дел од нашата славна историја и, секако, за големото значење и историската улога на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов Ченто кој неправедно беше осуден, но во деведесеттите години од минатиот век и со пресуда е рехабилитиран, истакна Белчески.

Би можело да ве интересира

Македонија го слави Илинден

Катерина Ѓуровски

Се одбележуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

(ВИДЕО) Заев: АСНОМ останува и во Уставот и во државничките вредности

Ана Ололовска

Научен собир: АСНОМ-темелник на државноста, влог за иднината

Ана Ололовска

Научен собир „АСНОМ и Македонската држава“

Ана Ололовска

Реконструкција и санација на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце

Ана Ололовска