Нов АСНОМ: Како до евроинтеграција на Македонија кога ЕК ги крши темелните вредности на ЕУ во Бугарија и Грција?

Од:

Почитувана претседателке Фон Дер Лајен, ви пожелуваме пријатен престој во Македонија и сакаме да ни одговорите како да продолжиме на патот на нашата евроинтеграција имајќи предвид дека Европската Комисија се прогласува за ненадлежна да ја санкционира Република Бугарија за кршењето на темелните вредности на ЕУ содржани во член 12 од Повелбата за Фундаменталните права на своите граѓаните, се вели во денешното соопштение на организацијата Нов АСНОМ по повод денешната посета на Македонија на претседателката на Европската Комисија.

„Како да се интегрираме во ЕУ кога во Бугарија и Грција постои дискриминација врз Македонците која е подржана од самата ЕК на чие чело сте вие?

Да потсетиме, НовАсном заедно со Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, поднесе претставка до Еворпската Комисија против забраната за регистрација на пиринскиот клуб од страна на Бугарија. Во претствката, наведовме дека Бугарија ја крши темелната вредност на ЕУ содржана во Повелбата за фундаменталните права на своите граѓани. Според членот 12, секој граѓанин на ЕУ има право да формира свои здруженија.

Република Бугарија го забранува формирањето на здружението, Македонски клуб за етничка толеранција и има добиено пресуда против забраната на регистрација на клубот во Европскиот суд за човекови права.

Европската Комисија се прогласи за ненадлежна со што зазеде дискриминаторски став кон Македонците во Бугарија. Со ваквиот став, ЕК ги крши основните човекови права на Македонците во Бугарија“, соопшти АСНОМ.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром