Изложба по повод 15 години од Договорот за сукцесија

Од:

Државниот архив на Република Македонија денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ќе ја претстави изложбата „Историја на наследството“ (Словенија и сукцесијата по распаѓањето на Југославија), која е посветена на 15 години од Договорот за сукцесија.

Изработена е од Архивот на Република Словенија во соработка со словенечкото Министерство за надворешни работи, Народното собрание на Словенија, Канцеларијата за комуникации при словенечката Влада, Националната галерија, РТВ Словенија, Фондот за сукцесија и високиот претставник на Словенија за прашања од сукцесијата.

Изложбата се состои од 13 паноа, со големина од 80 на 120 см, и два банера, на кои се прикажани повеќе документи од Фондот за сукцесија на Република Словенија, поделени во повеќе теми.

Изложбата првпат беше промовирана на 7 јуни 2016 година во Љубљана на Меѓународната конференција „Договорот за прашањата за сукцесија – 15 години подоцна“. Во Скопје изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 декември 2016.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“