Изложба на ликовни дела и промоција на книга во Кинотеката на Македонија

Од:

Во рамки на вториот ден од Карпошовото културно лето, во Кинотеката на Македонија беше отворена Меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата“, во организација на Детскиот ликовен центар.

На изложбата, како што соопшти Општина Карпош, се претставени дела од десет домашни академски ликовни уметници, како и од двајца уметници гости од соседна Србија. Изложбата ќе биде поставена во Кинотеката на Македонија до крајот на Карпошовото културно лето, а на 30 август, на завршувањето на манифестацијата, ќе биде претставена и во холот на Општина Карпош.

На отворањето на изложбата и културниот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, со што ја дадоа својата поддршка на уметниците, културните работници и развојот на културниот живот во општината. Во рамки на културниот настан беше одржана и промоција на книгата „Емотивниот танц – страст на флуидност низ сценската поетика на Зоја“, од авторката Јоана Медерова-Шишкова.

Книгата носи емотивна приказна за животниот и уметничкиот развој на балерината Зоја, која воедно е и мајка на авторката, прикажувајќи го нејзиниот живот исполнет со љубов кон танцот, сценската уметност и животот.

Со изложбата и книжевната промоција, Карпошовото културно лето продолжува да создава простор за уметност, книжевност и творештво, нудејќи разновидна културна програма за сите љубители на културата.

Би можело да ве интересира

Изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска

Изложба во македонскиот КИЦ во Загреб за 60 години постоење на Меѓународната смотра на фолклорот

А1он

Во Археолошкиот музеј отворена изложба посветена на делото и истражувачкиот пат на археологот Кирил Трајковски

А1он

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Во „Мала станица“ ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Ангел Коруновски под наслов „Лица“

А1он

Изложба на најдобрите модни креации на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“