Вчера на патот Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која М.К. (55) од Свети Николе изгубил контрола над возилото и удрил во дрво покрај патот.
Во незгодата, возачот М.К. од здобиените повреди починал на самото место. Од страна на лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.