Изградба на нов пристапен пат во викенд населбата Суитлак во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во изградбата на нов пристапен пат во викенд населбата Суитлак. Станува збор за барање од тамошните жители кое на градоначалникот на Општина Штип го доби за време на разговорите и средбите со граѓаните.

„Денеска сме во викенд населбата Суитлак каде започнавме со изградба на една од главните сообраќајни артерии овде. Оваа улица беше нотирана од граѓаните како исклучително значајна.

– Овде живеат голем број граѓани, а има голем број викендици на граѓани кои често доаѓаат овде. Тие се пожалија дека при секој пороен дожд оваа улица делумно се уништува“, рече градоначалникот на Штип, Бочварски.

„Во претходниот период овде се работеше на изградба на нова канализациона мрежа, а еве веќе од денеска стартуваме со изградба на улицата. Оваа улица е со должина од 1120 метри, а нејзината вредност е 6.400.000 денари.

– Оваа инвестиција е од буџетот на Општина Штип. не ги обврзуваме луѓето да плаќаат дополнително за да им се изгради нешто, туку чувствуваме потреба дека на овие граѓани кои живеат овде треба да им обезбедиме пристапен пат и подобри услови за функционирање и за живот.

– Ги слушаме и ги следиме барањата на граѓаните. Така ќе продолжиме да работиме и во иднина. Капиталните инвестиции се на прво место во Општина Штип“, истакна градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски