Изготвен нов текст на Предлог-законот за приватните агенции за вработување

Од:

„Во последните месеци од минатата година беше изготвен нов текст на Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување. Во процесот беше обезбедено широко учество на сите засегнати страни, вклучително и на постоечките агенции за посредување за вработување и агенции за привремени вработувања.

Основањето и функционирањето на постоечките два типа на приватни агенции за вработување, агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство и агенциите за привремени вработувања, беше уредено со два посебни закони: Законот за агенциите за привремени вработувања и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Ваквото уредување на материјата, којашто по својата суштина е многу слична, честопати доведуваше до забуна и правна несигурност кај потенцијалните кандидати за вработување и основачите на агенции.

Цел на Предлогот на Закон е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенциите за вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид на агенции од можни злоупотреби.

Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување беше ставен на разгледување на седница на Економско-социјалниот совет на која присуствуваа и преставници од агенциите. Советот, како национално трипартитно тело даде позитивно мислење за предлог Законот, и истиот е доставен до Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска