Изгоре кампер-возило на полски туристи на Матка

Од:

Вчера попладне во Долна Матка се случил пожар во кој целосно изгорело паркинг-возило на полски туристи, а уште едно е оштетено, соопшти МВР.

„На 22.06.2021 во 17.43 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во Долна Матка, скопско, настанал пожар во кампер-возило со полски национални ознаки, сопственост на М.З.(45) од Полска, кој бил целосно опожарен. Пожарот делумно зафатил и друго возило со полски национални ознаки, сопственост на В.З.(45) од Полска. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане