Изгласана интерпелацијата на Весна Дамева, таа обвини за пристисоци и неуставност

Од:

Пратениците со 77 гласа за ја изгласаа итерпелацијата на Весна Дамева членката на Судски совет поставена од Собранието. Таа претходно дојде пред пратениците да го образложи одговрот на интерпелацијата. Рече дека нема намера да си поднесе оставка.

Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.

-Се спореше мојата стручност и компетентност, и на сето тоа не реагирав пред се да го зачувам угледот на Судскиот совет. Бев спремна дека вие политичарите ќе ги користите сите средства и начини да не девалвирате нас, носителите на судска власт, кои не ви одговараме. Не дојдов да се правдам и заштитам себе си, дојдов да застанам на страната на владеење на правото. Проблемот нема да се реши со интерпалцијата, на ваков начин само се продлабочува проблемот и се прави опасен преседан кој ќе има далекусежни последници и по судството и по државата, истакна Дамева, отфрлајќи ги наводите од интерпелацијата.

Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ, го критикуваше начинот на кој што власта преку интерпелациите врши удар врз правосудниот систем.

-На членовите на Судскиот совет, одговорност може да утврдува само Судскиот совет, затоа, поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите кои што ги кажав претходно е преседан и недозволен акт во една демократска држава, рече Спасовски. Тој најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница. Елми Азири од Алијанса за Албанците истакна дека, како што рече „Денеска се прави притисок да се дадат оставки затоа што некој не може да дочека да ги преземе работите во свои раце“.

Би можело да ве интересира

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

Судскиот совет тврди: Половина од судовите лани биле неажурни

Горан Наумовски

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати