Изгласана доверба на Владата без опозициските пратеници

Од:

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство во Собранието. Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски, претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.

„Констатирам дека е изгласана доверба на Владата“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според премиерот Заев, гласањето на довербата е расчистување со маглата и соочување со реалноста.

„Јас сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето на нашата земја. Тоа е грижа за институциите, граѓаните, стопанството. Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа Влада. Шест месеци опозицијата вели дека ќе ја падне оваа влада. Најавија постапки за недоверба на Владата, а за сега да не се присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на Владата. Дозволете сите да ги потсетиме граѓаните на оваа држава зошто е формирано ова парламентарно мнозинство. Затоа што граѓаните го направија својот избор на изборите. Врз основа на довербата на граѓаните беше формирано мнозинство. Ред е да се соочиме и расчистиме и да видиме на дело тоа наводно, долго најавувано мнозинство на опозицијата, кое ќе ја паднело владата. Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во Собранието ги обезбедува со меници издадени од Груевски. Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите“, кажа Заев од собраниската говорница.

Заев кажа дека се блокирани закони од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека само по тоа може да биде запаметена од граѓаните. Премиерот објасни дека опозициските пратеници се однесуваат деструктивно за блокирање на државата, со изложување на лажни вести за ново мнозинство во Собранието.

„Во изминатите шест месеци, паралелно со стратегијата за справување со Ковид-19, се подготви и четвртиот и петтиот пакет економски мерки за спас на економијата. Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност. Се градат 100 мегавати ветерници. Паднаа првите пресуди за злосторничко здружување, процеси кои поминаа низ законски судски рочишта. Започна пописот како чиста операција. Од оваа година Северна Македонија слави за членството во НАТО. Ќе бидеме членка и на Европската унија како Македонци со македонски јазик. И сето тоа, поминато низ опструкции. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметена дека била најголемиот кочничар на реформите. Со сите сили ги блокираа пакетот реформски закони во правосудството. Сега блокираат мерки од петтиот ковид пакет. Беа против покачување на минималната плата, против една изборна единица. Работата на пратениците мора да биде во интерес на граѓаните“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев