Издадени се 511 решенија за изолација, 70 лица потпишале изјави за самоизолација

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице МВР регистрирало 318 прекршоци.

Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on