Издадени потврди за азил на уште 1.988 странски државјани

Од:

Изминатите 24 часа издадени се вкупно 1.988 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од странските државјани, 802 се од машки пол, 441 од женски, а 745 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Како што информира денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.269, Авганистан–435 и Ирак-284.

Од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден, издадени се потврди за азил на вкупно 33.617 странски државјани, од кои 14.153 се од машки пол, 7.231 од женски и 12.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-16.481, Авганистан-10.953 и Ирак-6.180.

Во тој период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска