А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени потврди за азил на 2.220 мигранти

by А1он09/12/2015 - 11:29181
Share0

Во изминатите 24 часа на 2.220 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, од нив 967 се од машки пол, 461 од женски, 604 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 188 деца кои патуваат без родител.

Добивај вести на вибер

Како што информира МВР, најбројни меѓу нив се државјаните на Авганистан–917, Ирак-747 и Сирија-556.

Во периодот од 19.06.2015 до денеска, издадени се потврди на вкупно 319.727 странски државјани, од кои, 180.625 се од машки пол, 51.098 се женски, 70.493 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 17.511 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-185.677, потоа Авганистан-77.570, Ирак-35.039, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

До Секторот за азил во текот на вчерашниот ден не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан меѓу кои и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера се евидентирани вкупно 16 баратели на азил од кои пет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен