Издадени потврди на 42.421 мигрант

Од:

Во пограничниот регион на Гвгелија во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Република Грција, без никаква контрола, голем број илегални мигранти се уште вршат притисок за влез во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 08,00 часот на 21.08.2015 до 22.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 826 странски државјани, од кои 649 се од машки пол, 152 се од женски, 163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-737, Ирак-42, Авганистан-12, Бангладеж–шест, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до денеска, издадени се потврди на вкупно 42.421 странски државјани, од кои, 29.321 се од машки пол, 5.904 се од женски, 6.718 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 631 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -34.346, потоа Авганистан – 2.085, Ирак – 1.990, Пакистан – 1.208, Сомалија – 562, Палестина – 560, Конго – 301, Бангладеж – 251, Нигерија – 142, Камерун – 140, Еритреја – 140, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Мобилните екипи на Црвен крст синоќа до 19 часот укажаа прва помош на околу 80 лицa на Табановце, Гевгелија граничен премин. Дистрибуирани се 700 шишиња вода, 120 пакети со храна, 50 индивидуални хигиенски пакети, 50 пакети за прва помош, 80 пелени, 60 ќебиња и 20 пакети за бебиња.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто