За 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.589 странски државјани, од кои 1.240 се од машки пол, 482 се од женски, 766 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
МВР денеска соопшти дека најбројни, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се државјаните на Сирија 1.149, Авганистан 966, Ирак 474, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до ноќеска, издадени се потврди на вкупно 261.006 странски државјани, од кои 153.612 се од машки пол, 39.757 се од женски, 54.041 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.596 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 160.135, потоа Авганистан 57.739, Ирак 21.702, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, од Мароко 1.311, Конго 514, Либан 434, Алжир 452, Нигерија 275, додека останатите се во помал број.
За последните 24 часа, до полноќ, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден евидентирани се вкупно осум баратели на азил, пет мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател, двајца мажи и четири малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст на граничниот премин Гевгелија им укажале прва помош на 670 лица.