Во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.119 странски државјани, од кои 919 се од машки пол, 452 се од женски, 738 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.215, Авганистан – 476 и Ирак – 428.
Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 до 24,00 часот на 15 јануари 2016 година, издадени се потврди на вкупно 29.299 странски државјани, од кои 12.328 се од машки пол, 6.302 се од женски, 10.572 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 97 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-13.987, Авганистан-9.818 и Ирак-5.491.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15 јануари 2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 година до ноќеска на полноќ до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.