Издадени потврди на 1.404 мигранти

Од:

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 1.404 странски државјани, од кои 568 се од машки пол, 272 се од женски  и  563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–545,  Сирија-508 и Ирак-351.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 до 24,00 часот на 27 јануари 2016 година, издадени  се потврди на вкупно 48.374 странски државјани, од кои 20.126 се од машки пол, 10.409 се од женски и 17.737 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-24.260, Авганистан-15.131 и Ирак-8.980.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на еден малолетник  од Сирија.

На 27 јануари 2016 година, до Секторот  за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на  шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27 јануари 2016 година евидентирани се вкупно 21  баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море