Издадени околу 2.000 потврди на мигранти изминатите 24 часа

Од:

Во последните 24 часа издадени се потврди на 1.974 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

МВР соопшти дека 1.278 од подносителите на барањата се мажи, 275 жени, 355 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 66 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 891, Авганистан –772, Ирак-131, додека другите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадената потврда.

Досега вкупно се издадени 134.759 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на азил. Од нив, 88.098 се од машки пол, 17.981 од женски, 23.733 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 4.947 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија – 95.304, потоа Авганистан – 21.010, Ирак – 8.800, Пакистан – 3.370 Палестина – 1.311, Иран – 1.210, Бангладеж – 759, Сомалија – 757, Конго – 426, Нигерија – 233, Камерун – 204, Еритреја – 193, Етиопија – 146, Судан – 123, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто