Во периодот од 08,00 часот на 05.10..2015 до 06.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.328странски државјани, од кои, 1.484се од машки пол, 283се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.288, Авганистан 747, од Ирак 118, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 06.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 120.370странски државјани, од кои, 79.574се од машки пол, 15.952 се од женски, 20.619се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.225 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 87.262, потоа Авганистан 16.599, на Ирак 7.841, Пакистан 3.152, Палестина 1.211, Иран 829, Сомалија 740, Бангладеж 717, Конго 372, на Нигерија 229, Камерун 190, Еритреја 168, Етиопија 144, на Судан 120, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 05.10.2015 до 06.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак, од кои едно од барањата е за деца, и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 05.10.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита едно малолетно лице без придружба на старател,двајца мажи и малолетно лице со придружба се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.