Издадени нови потврди на 1.590 странски државјани, вчера нема поднесени барања за азил

Од:

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 137деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 818, од Авганистан 328,  Ирак 186, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 17.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 254.959 странски државјани, од кои 150.720 се од машки пол, 38.623 се од женски, 52.304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.312 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 157.348, потоа Авганистан 55.913, Ирак 20.750, Иран 6.022, Пакистан 5.355, Палестина 2.130, Сомалија 1.270, Бангладеш 1.206, Мароко 1.204, Конго 514,  Либан 429,  Алжир 442, Нигерија 275, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.11.2015 до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.11.2015 година евидентирани се вкупно шест баратели на азил, тројца мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита два баратели на азил (малолетно лице  со придружба на старател и еден маж)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст на граничниот премин Табановце укажале прва помош на 273 лица, додека во Гевгелија прва помош им е укажана на 614 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ