А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени нови 3.291 потврди за право на азил, најбројни државјаните на Сирија

by А1он17/12/2015 - 11:18149
Share0

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.291 странски државјани, од кои 1.397 се од машки пол, 712 се од женски, 1.153 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 29 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.451,од Авганистан 962 и Ирак 878.

Во периодот од 19 јуни 2015 до ноќеска на полноќ, издадени се потврди на вкупно 345.211 странски државјани, од кои 191.528 се од машки пол, 56.680 се од женски, 79.057 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.946 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 197.067, потоа Авганистан 84.460, Ирак 42.243, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514,  Алжир 453,Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во последното деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено   барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст вчера укажале прва помош на 112 лица на Табановце и на 345 лица кај Гевгелија.

migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео