Издадени нови 3.256 потврди на мигранти

Од:

Во последното деноноќие на 3.256 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право за азил, од кои 1.126 се од машки, 766 од женски пол, а 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
Како што информира МВР, од нив 1.516 се државјани на Сирија, 904 државјани на Ирак, а 836 државјани на Авганистан.

Од почетокот на годинава потврди им се издадени на вкупно 63.402 странски државјани, од кои 25.946 се од машки пол, 13.639 од женски и 23.703 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 114 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-30.932, Авганистан-20.005 и Ирак-12.462.

Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право за азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право за азил. Од почетокот на годинава до Секторот за азил барање за признавање право за азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија).

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија