А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени нови 2.540 потврди за барање азил

by А1он12/02/2016 - 11:23116
Share0

Вкупно 2.540 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени изминатите 24 часа на странски државјани од кои 883 машки, 566 женски, 1.085 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и шест деца кои патувале без родител.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија, 1.357, на Авганистанци, 744, и на Ирачани, 439.

Од 1 јануари 2016 до вчера се издадени потврди на вкупно 77.230 странски државјани од кои 31.031 машки, 16.743 женски, 29.305 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 151 дете кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија, 37.360, Авганистан, 24.309, и Ирак, 15.558.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, додека од 1 јануари до вчера барања поднеле десет лица, седум од Авганистан и три од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 11.02.2016 година се евидентирани вкупно 13 баратели на азил од кои десет мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен