Издадени нови 1.492 потврди за право на азил

Од:

Изминатите 24 часа, на вкупно 1.492 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од лицата, 656 се од машки пол, 324 од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан–349.

Во периодот од 19 јуни до 21 декември годинава, до полноќ издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, од кои 196.461 се од машки пол, 59.447 од женски, 83.787 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.018 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-202.245, Авганистан-87.748, Ирак-46.279, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 21 декември годинава до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, 13 барања се од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, а три барања се од државјани од Пакистан и Ирак. По две барања се од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто